Двајца доктори сопружници од „Систина“ позитивни на Ковид-19

Од:

Двајца доктори кои воедно се и брачни сопружници и работат во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се позитивни на Ковид-19. Едниот од нив немал никаков контакт со пациенти, додека другиот имал минимален контакт со пациенти.

– Пред три дена во вторник на 2.6.2020 беа изолирани двајца доктори, кои воедно се и брачни содружници, од КБ „Аџибадем Систина“, а кои беа суспектни на вирусот Ковид-19. По направените PCR-тестови, се потврди позитивен резултат кај двајцата доктори, информираа денеска од болницата.

Утврдени и контактирани се сите луѓе со кои овие лица биле во контакт и на нив веќе им е извршено тестирање и резултатите кај сите нив до сега се негативни.

Болницата, како што се наведува во соопштението, продолжува да работи со полн капацитет со преземање на сите максимални мерки за заштита на вработените и пациентите и по сите утврдени безбедносни протоколи кои се усогласени со одлуките и мерките за заштита кои ги презема и здравствениот гигант ,,Аџибадем’’ од Турција.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

ВИДЕО: Бесплатен третман до 18 години за 20.000-тото бебе родено во „Аџибадем Систина“

Маја Илиевска-Пачемска