Двајца браќа од скопското село Сарај се повредени во вчерашниот инцидент кој се случил во перална за автомобили.
Дваесет и тригодишниот К.А. и неговиот четири години помлад брат О.А. биле нападнати од 22-годишните Ш.И. и една година постариот Н.А. додека седеле во пералната.
Познаниците, се скарале со браќата и во еден момент Ш.И. извадил пиштол, кој го вперил кон нив, а со рачката од пиштолот го удрил постариот брат , додека постариот насилник го прободел со нож О.А, кој веднаш бил пренесен во болница.
По инцидентот насилниците избегале во непознат правец, а полицијата трага по нив.