Дваесет и двегодишнината од независноста во знакот на спортот

Од:

Денот на независноста – 8 Септември, под мотото „Нашето единство, наша победа“, се одбележува со повеќе спортски, културни и музички настани.

Од 31 август до 8 септември во рамки на неделата на спортот, покрај редовните спортски активности, се организираа и ревијални настани со цел да се промовира спортот и што повеќе да се анимираат граѓаните.

Дел од активностите се одржуваа во главниот град, односно на борилиштата и на плоштадот „Македонија“, каде се организираа повеќе ревијални настани, а неделата на спортот се спроведува и во останатите градови низ државата.

Посебен акцент е ставен и на редовните спортски натпревари кои се одржуваат во овој период како што се фудбалскиот натпревар Македонија – Велс, ракометниот натпревар од домашното првенство меѓу Металург и Вардар и настапите на Македонската кошаркарска репрезентација на Европското првенство во Словенија. За таа цел се организирани фан навивачки зони во Скопје и во останатите градови.

Во пресрет на одбележувањето потпишан е Меморандум за соработка на Министерството за образование и наука со Факултетот за физичка култура за формирање Институт за спорт. Во рамки на одбележувањето ќе бидат доделени и наградите од областа на спортот.

По повод Денот на незавиноста, вечер ќе биде одржана Свечена академија во Македонската опера и балет на која ќе говори претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, а ден претходно прием приреди претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Одбележувањето ќе биде заокружено вечер со концерт на плоштадот Карпошово востание во Скопје, во организација на Агенцијата за млади и спорт.

Би можело да ве интересира

Гренланд распишува општи избори: „Ќе го започнеме процесот на независност“

Во 2025 година пет продолжени викенди

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска