Дваесет години од Основниот политички договор меѓу Македонија и Романија

Од:

Денеска се одбележуваат дваесет години од Спогодбата за пријателство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Романија, потпишана на денешен ден во Букурешт, а со која се воспостави рамката за политичките, економските и односите во областа на културата.

-Нашите земји се силни партнери, а билатералната соработка уредена со Спогодбата продолжува и натаму да се развива. Во дваесетте години што изминаа од потпишувањето на Спогодбата бевме сведоци на многу настани од историско значење за двете земји. Во овие дваесет години исто така се продлабочија нашите билатерални односи, што е потврдено со бројни средби на сите нивоа, на кои се разгледувани најразлични прашања, почнувајќи од економските па сѐ до прашањата од областа на научната, културната и образовната соработка. Уште од почетокот на сѐ уште актуелната пандемија на Ковид-19, нашите две земји работеа заеднички со цел да ги ублажат последиците од пандемијата за граѓаните, стои во заедничкото соопштение по повод одбележувањето на 20-годишнината од Договорот.

Како што соопшти МНР, двете земји во заедничката изјава ја нагласуваат важноста на процесот на проширување на Европската Унија.

-Во овој контекст, Северна Македонија и Романија ги користат сите форми за соработка, вклучително и Меморандумот за соработка во областа на европската интеграција, потпишан во 2019. Цврсто сме убедени дека европскиот проект ќе биде успешен само со пристапувањето на земјите од Западниот Балкан, како и дека европската стабилност и безбедност во голема мерка зависат од успешната интеграција на овие земји, се наведува во заедничката изјава.

Двете земји, се истакнува натаму, имаат интерес за градење силни и продуктивни односи во рамките на НАТО, засновани на нашите заеднички стратешки и безбедносни интереси, а исто така и заеднички работат во рамките на регионалната соработка, која пак има суштинска улога во однос на стабилноста и одржливиот развој на регионот.

-Убедени сме дека нашите идни односи ќе бидат уште посилни и поблиски и дека уште повеќе ќе ја зајакнеме и ќе ја прошириме нашата соработка на повеќе полиња. Натаму, веруваме дека јакнењето на економските врски и трговијата меѓу нашите две земји наскоро ќе резултира со реализација на реалните потенцијали во овие области, стои во заедничкото соопштение.

Северна Македонија и Романија, како што се наведува, исто така особено ги вреднуваат и унапредуваат нивните малцинствата по род како и етничките заедници и нивниот етнички, културен, јазичен и верски идентитет и преку градење на цврсти и долготрајни мостови за соработка меѓу нашите две земји, тие ќе продолжат да го даваат најважниот придонес кон нашето трајно пријателство.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов