Два тима од Пехчево помагаат во поплавените подрачја во Скопско

Од:

Два тима од Пехчево од денеска работат на санирање на штетите од поплавите во Скопје, со што и оваа општина се вклучува во акцијата за помагање на настраданите во поплавите што го зафатија скопскиот регион.

Градоначалникот Игор Поповски истакна дека Пехчево подготвува уште два тима составени од 10-ина луѓе кои со соодветна опрема ќе работат на расчистување на теренот.

– Ние сакаме да им помогнеме на нашите пријатели од поплавените скопски региони. Со човечки ресурси и несебично ќе се заложиме да помогнеме да се расчисти теренот, да се испумпа водата и калта од домовите на настраданите, рече Поповски.

Во Општина Пехчево од денеска е отворен пункт каде граѓаните можат да донираат средства, а хуманитарната акција Општината ја организира заедно со невладините организации, јавните претпријатија и установи од Општина Пехчево, во соработка со државните институции и Црвениот крст.

– Општина Пехчево има обезбедено 2,5 тони флаширана вода и конзервирана храна, а од денеска ги повикуваме граѓаните да донираат. Со донирање на најнеопходните производи, општина Пехчево уште еднаш ќе ја покаже својата хуманост на дело. Во акцијата очекуваме покрај граѓаните да се вклучат и јавни институции и приватни фирми, рече Поповски.

Собирната акција за помош на настраданото население ќе се одвива во периодот од 12 до 16 часот на градскиот плоштад во Пехчево, а пунктот ќе биде отворен нардените три дена.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он