Два случаи на семејно насилство вчера во Tетовско

Од:

Двајца жители на Тетово на 32 и 68 годишна возраст се приведени во тетовската полиција во текот на вчерашнито ден поради пријави за нив како извршители на семејно насилство во два одвоено случаи, информира СВР Тетово,

Во првиот случај, вчера во 16 часот и 30 минути, 54-годишна жена во СВР Тетово пријавила дека околу 15 часот во нивниот семеен дом во градот физички била нападната од нејзината 28-годишна снаа. Потоа 28-годишната жена била нападната од 32-годишниот сопруг.

– Пријавениот сопруг на 28-годишната тетовка лишен е од слобода и задржан е за целосно расчистување и документирање на случајот, потенцираат од СВР Тетово.

Во полицијата во Тетово за дваесетина минути стигнала уште една пријава.

-Шеесет и тригодишна жителка на тетовско село вчера во 16 часот и 50 минути пријавила дека еден час пред тоа во нивната куќа физички била нападната од нејзиниот 68-годишен сопруг. Тој бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, информираат од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Го удирал со тупаници и клоци 10-годишниот син, охриѓанец осомничен за семејно насилство

Катерина Ѓуровски

Кумановец ја претепал сопругата – и скршил три ребра

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, жртвите сè повеќе се охрабруваат и пријавуваат

Тројца уапсени за семејно насилство, седум пријави во последното деноноќие

А1он

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски