ВИДЕО: Два проектила испукани во зградата на Владата

Од:

Два проектилa синоќа се испукани на зградата на Владата на Република Македонија во Скопје. Едниот завршил во покривот, а другиот во страничната фасада.

Од МВР велат дека е извршен увид и проектилите се предадени на вештачење.

Во полицијата синоќа околу  22 часот е пријавено дека во близина на зградата на Владата се слушнале две детонации.

По неколку часа, посочуваат од МВР, на фасадата и на покривот на зградата во која е сместена Владата се пронајдени двата проектила.

-Полицијата ги утврдува типот на оружјето од кое синоќа беа испукани два куршума во зградата на Владата, правецот од каде дошле, мотивите и евентуалните сторители, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

На новинарско прашање дали кога се испукани проектилите се одржувала владина седница, министерката Јанкулоска нагласи дека во однос на активностите во зградата на Владата таа не може и не смее да даде информации, а за тие прашања ги упати новинарите да се обратат на соодветната адреса.

– Самиот процес на увидот понекогаш трае прилично долго и во конкретниот случај со оглед на сериозноста со која е пристапено во функција на пронаоѓање на сите можни траги и евентуални докази увидот траеше повеќе часа. Во моментот го имаме остатокот од проектилот што дава информација за неговиот калибар, а оружјето од кое е испукан таков проектил може да биде различно оружје, но ние треба да утврдиме точно од каков тип оружје е испукан овој проектил, изјави Јанкулоска.

Граѓаните од блиските згради потврдија дека синоќа слушнале детонации, меѓутоа не виделе ништо.

Ова е втор напад, по 2007 година. Пред седум години вакво иста случка со две гранати, Владата ја прогласи за терористички акт. Сите министри и премиерот, тогаш за време на тој напад беа на летен одмор, а извршителите непознати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток