Два пожари на штипските гробишта, ЈП „Исар“ и ТППЕ Штип апелираат граѓаните да бидат претпазливи

Од:

Два пожари за само четири дена сe регистрирани на градските гробишта во Штип. Од штипското комунално претпријатие „Исар“ апелираат граѓаните да бидат крајно претпазливи и да внимаваат со цел да не се подметне пожар од мало невнимание и со тоа да се отежни работата на пожарникарите, но и да се создадат материјални штети.

– На дневни темепратури над 40 степени, во ситуација кога неколку дена по ред гори на планината Серта во штипско и неготинско, и пристигнување помош од соседните земји, помалку од потребно е нов пожар од човечко невнимание, стои во соопштението од штипското комунално претпријатие „Исар“.

Во него се вели дека претпладнево екипи на ЈП „Исар“ заедно со пожарникарите од ТППЕ Штип гаселе пожар на гробиштата.

– ЈП „ИСАР“ апелира до граѓаните кои во овие моменти одат на гробишта да бидат крајно одговорни и внимателни и да не оставаат лесно запаливи материи. Ова значи да не оставаат отпушоци од цигари по тревата, доколку палат свеќи да ги остават да горат во нивно присуство и да не ги фрлаат по тревата. Ова е со цел да им ја олесниме работата на пожарникарите кои макторпно и дење и ноќе работат на терен, дополнуваат оттаму.

Апел упати и ТППЕ Штип, од каде велат дека пожарите во државата се од големи размери и доста опасни.

– Да не се повторува сликата од претходните години, да бидеме внимателни и одговорни, советуваат од штипската Противпожарна единица.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице