Два нови случаи на туларемија во скопско Грушино

Од:

Нови два случаи на туларемија се регистрирани на територијата на општина Арачиново, во селото Грушино, каде од 16-ти овој месец е прогласена епидемија од ова заболување.

Поради појавата на нови два случаи во ова село, каде бројката достигна до осум, извршена е дератизација на сите куќи, како и дезинфекција. Досега вкупно во оваа општина се регистрирани 14 случаи, од кои шест во Арачиново, а на ниво на државата вкупно од туларемија биле заболени 33 лица.

Епидемиологот од Центарот за јавно здравје – Скопје Билјана Данаиловска информира дека во текот на минатата недела се пријавени уште два случаи на туларемија кои не се поврзани. Станува збор, како што појасни, за возрасни лица на 68 и 74-годишна возраст. Едното лице е хоспитализирано, а другото се лекува во домашни услови.

– Поради фактот дека новите два случаи се од село Грушино, Службата за ДДД при Центарот за јавно здравје во петокот на 24 април направи комплетна дератизација на 150 куќи во Грушино. Дератизацијата се правеше во дворовите, подрумите, шталите, полските нужници, секаде каде може да се приберат глувците, меѓутоа се направи и дезинфекција на дворните места, односно на 20.000 метри квадратни, рече Данаиловска и додаде дека дезинфекцијата се прави заради дезинфицирање на секретите на овие глодари во дворните места и заради преземање комплетни мерки.

Посочи дека состојбата продолжува да се следи. Едукацијата во училиштата продолжува. Во постојан контакт се со матичните лекари, а лицата со симптоми на ова заболување веднаш се испраќаат во лабораторија на испитување каде се докажува причинителот на туларемија.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски