Два месеци од бегството на Мијалков: Сослушани 30 лица, нема осомничени, се утврдува каде бил

Од:

Поминаа два месеци од бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, а предметот и натаму во предистражна постапка. Додека обвинителката Ленче Ристовска се обидува да дознае каде бил, дали и кој му помогнал да избега, кој му бил планот – Мијалков заврши во затворот во Шутка, каде ќе остане се до правосилноста на пресудата за случајот „Трезор“.

Од крајот на февруари, до сега, обвинителката Ленче Ристовска за бегството на Мијалков сослушала повеќе од 30 лица, меѓу кои, и самиот него, Вилма Русковска и истражителите кои го лишија од слобода кога тој сам се појави пред Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупцја. Распитите треба да откријат детали за бегството.

„Издадени се повеќе наредби за обезбедување докази. По анализа на целокупните вербални и материјални докази ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, велат од Обвинителството.

Како што дознава „А1он“, неофицијално, меѓу доказите има видео материјал од надзорни камери поставени на објекти, снимки од камерите поставени на раскрсници, листинзи од телефонски повици земени од мобилните оператори. Нивната анализа, треба да даде одговор дали и колку лица се вмешани во бегството. Пред два месеци, по пресудата за „Таргет-Тврдина“, обвинителката Ристовска кажа дека не знаела каде бил Мијалков и да се надева дека тоа ќе го утврди истрагата.

Мијалков веќе два месеци издржува притвор во затворот во Скопје“ во Шуто Оризари.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Слободата на Сашо Мијалков не ja донесе Дедо Мраз, туку Артан Груби, со дозвола на дедото од Зајас

ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани

Јавното обвинителство не се согласило со условен отпуст за Сашо Мијалков

ВИДЕО: Целото видео на Сашо Мијалков со џет сетот во хотел во Монако

А1он

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник