Два дена драма се случуваше во струшкиот совет околу покачувањето на цената на водата

Од:

Вистинска драма која во одредени моменти достигнуваше кулминација на нервоза, и расправии се случување во струшкиот градски совет.И овој пат уште еднаш се покажа дека коалицијата помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ на локално ниво во Струга не функионира.

Причина за тоа овој пат беше цената на водата која стружани ја користат.Советот на општината не даде зелено светло на предлогот на градските власти за покачување на цената за 20%.

Предлогот не помина ниту на денешната седница откако вчера на редовно одржаната седница предлог одлуката не беше протуркана и покрај гласањето поединечно на секој советник.

На денешната седница и претходеше крајно напната атмосферата вчера кога советницитe беа принудени да чекаат повеќе од еден час за да дојдат некои советници кои навидно требале да гласат за точката. Кога и тој обид не беше успешен претседателот на совет ја прекина седницата и ја презакажа за денес.

Пред почетокот на денешната седница исто така имаше натегања, јавувања по телефон, обиди да изгласа новата цена, но на крај стружани барем засега куртулија од повисоки сметки за вода. Пред почетокот на гласањето директорот на „Проаква“ Струга Ваит Ајро, како и градоначалникот Рамиз Мерко ја напуштија седницата на Советот на општината.

„За една точка гласавме дури по десеттина пати, и воопшто не се успеваше да се донесе одлука. Поради немање на доволно гласови за да помине поскапувањерто на водата од страна на градоначалникот и раководството на Проаква, се чекаа советници, се викаа од дома и повторно кога немаа број седницата беше прекината. Денес истото се повторуваше, на средина на гласање во два акта се прекинуваше гласањето се чекаше нови луѓе за да дојде то поскапување“, рече Момчило Аврамоски советник од ВМРО ДПМНЕ.

За покачување на цнеата на водата не гласаа ниту советници на СДСМ и ПЕИ.

Мики Трајковски

 

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски