Два блока на РЕК Битола испаднаа од системот поради проблеми во трафостаница на МЕПСО

Од:

Од електроенергетскиот систем во 14:16 часот испаднаа Блок 1 и Блок 3 на РЕК Битола. Испадот беше последица на испаѓање на блочните прекинувачи во Трафостаницата 400 – Битола 2 во сопственост на АД МЕПСО, информира АД ЕСМ.

Преку таа трафостаница, се вели во соопштението од ЕСМ, РЕК Битола ја пласира произведената електрична енергија во системот на РСМ.

-Во РЕК Битола нема детектирани проблеми, а веднаш по отстранувањето на дефектот во трафостаницата од страна на стручните служби на АД МЕПСО, блоковите ќе бидат приклучени на електроенергетскиот систем, порачуваат од ЕСМ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО

Дефект на третиот блок на РЕК Битола

Затворена мензата во РЕК Битола: ако се потврди труење Синдикатот ќе бара одговорност

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош