ДВ: Македонија мора уште да чека

Од:

Германија сака да и помогне на Македонија да стане дел од ЕУ, но за да се слули тоа мора да се најде решение за името, велат за Дојче веле германски владини претставници, парламентарци и аналитичари. Според нив, за придвижување на спорот, покрај Македонија, неопходно е да се услови и Грција.

– Решето го името! Последниве години ги следиме реформите и се’ она што се случува во земјата. Македонија е секако значајна за безбедноста на Европа и Западниот Балкан. Од овој аспект, сигурно дека членството во Европската Унија е значајно. Затоа ве молам, решето го името!“, изјави Емили Хабер, државен секретар во германското сојузно министерство за надворешни работи.

Родерик Кизеветер, пратеник во Бундестагот (ЦДУ-ЦСУ) се надева дека Македонија ќе има сила да го направи потребниот исчекор.

– Сакаме да помогнеме Македонија да стане дел од Унијата, но ЕУ има услови кои треба да се почитуваат. Доколку внатрешно-политичкиот развој е спротивен на тие услови мора да се почека. Германија има големо стратегиско трпение и е подготвена да и’ помогне на Македонија. Но, не може да се помогне само однадвор. Општствените сили, државата, парламентот, опозицијата, партиите од власта, невладините организации треба да размислат и одлучат дали сакаат да го надминат стратегискиот ќорсокак во кој се наоѓаат или сакаат да прокоцкаат уште низа години. Прашањето значи е: дали се работи за да се добие време и да се направи брз скок кон ЕУ или се оди кон внатрешно-политичка парализа? Одговорот на ова го има македонскиот народ, или поточно – политички одговорните кои треба самите да решат што сакаат, истакнува Кизеветер.

На забелешката на ДВ дека блокадата ја прави Грција, а Европа, вклучувајќи ја и Германија, ништо не преземаат, Кизеветер со коментар:

„Секако дека се обидуваме зад кулисите да влијаеме. Грција мора во спорот со името да се придвижи. Грција многу вложува во вооружување. Грција конечно сега успеа финансиско-политички да се раздвижи со регулирање на даноците и слично. Германските парламентарци очекуваат придвижување и во спорот со името. Апсолутно! Моите лични размислувања одат и во насока: можеби би требало и Грција да се услови со решавањето на спорот со името?“, смета Кизевотер.

Јоаким Шпац, гласноговорник за европска политика на пратеничката група на либералите во Бундестагот, вели дека кога Србија и Косово можеа да го надминат нивниот проблем, кој, признава, не е целосно решен, но е на добар пат, тогаш е можно решение и на проблемот на Македонија со името.

Според него, поддршката за Македонија доаѓа од многумина парламентарци, но и од Владата во Берлин чија работа е од поинаков карактер и поинаку се манифестира.

– Треба да се има предвид дека има и други тешки проблеми за решавање (Грција, Кипар), но целта на Владата останува: членство на целиот Балкан, вклучувајќи ја и Македонија. Германија вистински и фактички стои зад оваа определба, подвлекува Јоаким Шпац.

За Валтер Колбо, поранешен парламентарец (СПД) и актуелен претседател на Германско-македонското друштво, одбивањето на Европа да се вклучи во решавањето на спорот за името е поврзано со финансиската криза која го затворила погледот на Унијата кон многу значајни сфери од животот на Европа.

– Според мене, една од грешките која не може да се поправи и за која во моментов може само да жалиме е што името не се разреши во времето кога сите погледи беа свртени кон Грција и кога таа очекуваше голема солидарност од Унијата. Сметам дека по септемвриските избори за Бундестагот и пред изборите за европските иснтитуции (јуни 2014) ќе мора да се покрене дебата за релативизирање на грчкото вето и конечен почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ. А во меѓувреме, Македонија ќе мора сериозно, навистина мошне сериозно, да се позанимава и да поработи на темата – демократија, е прогнозата и советот на Валтер Колбо.

Би можело да ве интересира

Унгарија формира „сојуз на скептици“ кон Украина

ЕУ ја повикува Кина да помогне во завршувањето на војната во Украина

Горан Наумовски

Лидерите на ЕУ се согласија да одговорат на итните финансиски потреби на Украина во следните две години

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Лопатка: Мора да го видиме напредокот во Црна Гора и во Албанија, а гледам и добри шанси за Македонија

Евростат: Невработеноста на пазарот на Европската Унија изнесува 11,7 отсто

Горан Наумовски