Дума и Кондарко повторно сведочеа во „Титаник 2”

Од:

Повторното судење за случајот „Титаник 2“ денеска во Кривичниот суд Скопје, продолжи со сослушување на сведоци. Свое повторно сведочење пред судечкиот совет предводен од судијата Огнен Ставрев, имаше и поранешниот член на Државната изборна комисија (ДИК), Виолета Дума (прво сведочење август 2018 година). Исто така, сведочеа и актуелниот член на ДИК, Борис Кондарко, и портапоролот Адмир Шабани.

dobivaj vesti na viber

Дума и Кондарко, во својство на сведоци беа сослушани и во август 2018 година.

Судењето за „Титаник 2” се води против претседателот на ДПА, Менду Тачи, поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибрами, против екс-директорот на УБК Сашо Мијалков и против три поранешни членови на ДИК.

Постапка за овој случај произлезе од „бомбите” објавени од СДСМ, а обвинението е застапувано од поранешниот специјален јавен обвинител Гаврил Бубевски.

Според обвинението поднесено од поранешното СЈО, обвинетите учествувале во изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Продолжува судењето за „Титаник“

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Фетаи за укинатата пресуда против Мијалков и Тачи: Нападот е најдобра одбрана

Кристијан Ландов

Aпелација потврди: Укината е пресудата за Мијалков, доказите им противречат на фактите

Васко Маглешов

Апелација ја укина пресудата за Мијалков за „Титаник 2“

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Бедредин Ибраими: Разговарав со Тачи, исто како што Шекеринска разговараше со Фатмир Бесими за изборите

Васко Маглешов

Фетаи и Бубевски тргнати, спроти Мијалков ќе застане виш јавен обвинител

Васко Маглешов