Дукс: Очекуваме одлука за почеток на преговорите од министерскиот состанок

Од:

Унгарија очекува следната недела Советот за општи работи, во кој члeнуваат шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ да биде донесена одлука за отворање на пристапните преговори на нашата земја, изјави денеска во Скопје амбасадорот на Унгарија Ласло Дукс.

-Се надеваме дека Советот на министрите следната недела ќе донесе позитивна одлука за отворање на пристапните преговори со Република Северна Македонија. Унгарија силно поддржува ваква одлука и се обидуваме да ги убедиме земјите – членки кои сеуште се воздржуваат околу тоа дека ова е прашање на кредибилноста на ЕУ, рече унгарскиот амбасадор на конференцијата насловена „Иднината на политиката на проширување на ЕУ во светло на изборите за Европскиот парламент“, организрана од унгарскиот Институт за надворешни работи и трговија.

Тој посочи и на заедничкото писмо на 13те земји членки меѓу кои е и Унгарија, што беше објавено вчера, во кое се дадени аргументи во прилог на очекуваната позитивна одлука.

Во однос на новиот состав на Европскиот парламент амбасадорот Дукс изрази надеж дека тој ќе остане институција која ја поддржува политиката на проширувањето.

-Сите унгарски партии кои се претставени во ЕП го поддржуваат проширувањето, вклучувајќи и почеток на пристапните преговори со Република Северна Македонија, рече амбасадорот на Унгарија во земјава Ласло Дукс.

Состанокот на Советот за општи работи, во кој членуваат министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ ќе се одри на 20 и 21 јуни во Луксембург и ќе претходи на самитот на Европскиот совет.

Би можело да ве интересира

Обвинителството ќе бара притвор за 12 осомничени во случајот со дерматолозите, а за петмина мерки за претпазливост

Успешно оперирано новороденче со ретка и тешка вродена срцева маана

Предраг Петровиќ

Во угостителски објект во Аеродром сексуално вознемирување на десетгодишно дете

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 14 лица, дел од нив се лекари на скопските клиники

Предраг Петровиќ

Герапетритис: ЕУ би можела да добие нова членка во 2027 година

ЕУ го усвои 20-тиот пакет санкции против Русија, насочени кон енергетиката, финансиите и трговијата