Дука: Уште само едно лице од заразените на домашно лекување, скринингот тече без проблеми

Од:

Во Дебар само уште едно лице позитивно на „Ковид-19“ е на домашно лекување. Денеска ќе му биде биде земен контролен брис и доколку резултатот биде негативен и тоа ќе се вброи во списокот излекувани, информираше меѓу другото градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

Градоначалникот на Дебар, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб, на прес-конференцијата по средбата на Штабот, рече дека и во последното деноноќие нема новодијагностицирани лица позитивни на коронавирусот, со што бројката останува 51 заразено лице. Од вкупниот број 46 се излекувани, додека за жал четворица се починати. Во самоизолација, додаде Дука, се 16 лица.

Според него, непречено се одвива скринингот за имунитет на населението, што го спроведуваат 17 матични лекари, со кој треба да бидат опфатени 2.342 лица во општините Дебар и Центар Жупа и оти до сега оваа активност е реализирана за над 50 отсто.

-Безбедносната состојба за време на викендот може да се оцени како добра, освен што во последното деноноќие три лица не ја почитувале забраната за движење. Не се евидентирани кражби, нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди. Непречено функционираат апаратите за дезинфекција на возила кои се поставени на влезовите во градот, нагласи Дука.

Информираше дека волонтерите на Црвен крст продолжуваат со давањето помош-услуги и за време на викендот. Имале повици од седум лица, од кои две лица имале потреба од храна, а седум за лекарства.

Тој упати апел до граѓаните и понатаму строго да ги почитуваат мерките и препораките на надлежните и задолжително доколку излегуваат од своите домови да носат заштитна маска и ракавици.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава