Дука: Имам информации дека тројца од заразените се здравствени работници, барам заштитни средства за кадарот во Дебар

Од:

Централната власт да обезбеди заштитни средства за здравствениот кадар во Дебар, апелира градоначалникот Хекуран Дука.

Тој денеска на средба со новинарите повтори дека вчера се тестирани 19 лица од кои тројца се позитивни на коронавирус.

-Имам информации дека тројцата се здравствени работници. Затоа оценуваме дека здравствените рабоници не се доволно заштитени како што треба. Бараме централната власт да биде поекспедитвна во нашите барања, посебно за заштитни средства, бидејќи сегашните се импровизирани, а не адекватни.

-Упатувам апел до Владата да биде поекспедитивна во реализација на нашите барања , бидејќи за нас во Дебар значајни се часови и минути а не денови,порача Дука на крајот од прес конференцијата.

Претходно коронавирусот беше потврден кај двајца лекари и две медицински сестри од приватната педијатриска амбуланта „Педијатрија-Д“. Двајцата матични педијатри дежураа и во итната служба на Општата болница.

Според Дука, 77 лица се во домашна изолација и редовно се контролираат од страна на припадниците на МВР дали ја почитуваат препораката за самоизолација.

-Со наши максималните залагања, барања, постојани контакти со централната власт проблемот со движењето на фирмите и откупот на млеко во Дебар е надминат. Се очекува да биде надминат и проблемот со македонските државјани кои остана заглавени во Дебар за што одлука треба да донесе Владата на седницата што треба да ја оджи денеска, изјави Дука.

На контролните пунктови, дополни, пропуштени се 47 возила со прехранбени артикли и медикаменти. Нема никаков поблем во снабдувањето на градот. Посочи и дека продолжува дезнифекцијата на јавните површини, објекти и улици од страна на Јавното комунално претпријатие „Стандард“ во што на припомош се и вработените на Територијалната противпожарна единица.

Дука се заблагодари на сите хуманитарни организации, фирми и поединци кои понудиле помош и уште еднаш упати апел до граѓаните да ги почтуваат препораките на надлежните..

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава