ВИДЕО: ДУИ заседава во Мала Речица

Од:

Демократската Унија за интеграција свика седница на претседателството во тетовска Мала Речица со почеток  во 16 часот.

Извори од партијата информираат  дека ќе се разговара за најновите случувања во коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и како да се однесува ДУИ по недоразбирањата што ги имаат со коалициониот партнер.

Дел од членовите на претседателството велат дека нема да се поставува прашањето за излегување на ДУИ од Владата, но тема ќе бидат недоразбирањата околу законот за бранители и новите имиња на училиштата во Чаир. Од партијата информираат дека соопштение за заклучоците на претседателството на ДУИ, ќе биде испратено или вечерва или во текот на утрешниот ден.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата