(ВИДЕО)ДУИ: Законот за бранители е кукавичлук од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Се вжештува расправата за законот за бранителите. Според претставникот на предлагачите, Веле Ѓеоргиевски од ВМРО-ДПМНЕ, ова е момент да се погледне вистината во очи и време за национално помирување.

„2001-та година не беше војна помеѓу Македонците и Албанците. Во резервниот состав на АРМ имаше и Албанци. Денеска е денот да го вратиме долгот кон бранителите“, изјави Веле Ѓеоргиевски.

„Образложение со поголеми будалаштини не сум чул досега. Бидете сигурен, албанскиот блок ќе се обедини.Без разлика на партиските определби во Охридскиот договор не стои екстремистички или парамилитарни групи“, рече Зијадин Села од ДПА.

Ова е меѓуетничка битка, вели Имер Алиу.

Арбен Лабениште цитираше изрека од Наполеон Бонапарта – најголема доблест во политиката е чесноста.

„Од моментот на пуштање на законот од страна на ВМРО-ДПМНЕ ова е кукавичка постапка. Не е чесно како го образложувате законот. Ги уништувате темелите на мултиетничка држава, вие сте пристрасни и антиалбански“, вака Арбен Лабеништа од ДУИ им се обрати на колегите од ВМРО-ДПМНЕ.

Изет Зеќири рече дека законот е понижувачки за Албанците, но ги праша и ДУИ и ДПА каде биле кога се менувал законот од 2002-та. Според него ДУИ ги лечи фрустрациите на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Собранието и покрај барањата и големиот медиумски и пратенички интерес, не дозволи седницата да се одржи во поголемата сала.

Пратениците едвај се слушаат меѓу себе, а и медиумите работат во несоодветни услови.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната