ДУИ: За членови на Советот на обвинители се предлагаат сопартијци на Меџити од Влен

Од:

Демократската унија за интеграција остро реагира на обидот за брутална партизација на судството и обвинителството преку партиски интервенции во советот на обвинители. За член на Советот на обвинители е предложен Ардијан Демири, член на Демократското движење на Изет Меџити, велат од ДУИ.

„Ова е неприфатливо и претставува флагрантно партиско мешање во судските и обвинителските органи. Пратениците да не прифаќаат партизација на обвинителскиот совет, додека ги повикуваме граѓанскиот сектор, медиумите и меѓународната заедница да реагираат на изборот на партиски кандидати за членови на обвинителскиот совет. Европската Унија будно ги следи одлуките на Владата и на собранието и овие постапки не оддалечуваат од Европа и европските вредности и не враќаат во заробена држава“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата