ДУИ: Во Зајас ќе бидат погребани посмртните останки на албанските жртви од 1913 до Втората светска војна

Од:

Посмртните останки на албанските жртви од масакрите од 1913 година па сè до Втората светска војна кои беа пронајдени во некои масовни гробници ќе бидат погребани утре во Зајас, Кичево, соопшти ДУИ.

„По барање на Организацискиот совет за откривање на злосторствата врз Албанците во минатиот век, Али Ахмети, како иницијатор на активностите за расветлување на геноцидните злосторства врз Албанците, ќе држи говор пред присутните. Погребот на посмртните останки на жртвите на геноцидот врз Албанците ќе се одржи во Меморијалниот центар ‘Албанска мајка’ во Зајас кај Кичево со почеток во 13 часот“, информираат од партијата.

Пред извесно време во Зајас и во други места во Кичево беа откриени масовни гробници на жртвите од масакрите врз Албанците од 1913 година до Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата