ДУИ: Во сите анкети нашата партија и Бујар Османи се апсолутни победници

Од:

Демократската унија за интеграција ќе биде апсолутен победник во албанското гласачко тело на Северна Македонија. Вака велат сите анкети што ги реализирале релевантните агенции во земјава, каде што ДУИ убедливо излегува пред албанската опозиција, велат од ДУИ.

-За Демократската унија за интеграција, споредено со месец февруари, најновото истражување на Институтот за политички истражувања(ИПИС) покажува дека во март – поддршката за ДУИ е зголемена на 6,3 отсто. Во спротивна насока се движи опозицијата, поточно со опозициската коалиција Вреди. Од 4,6% во февруари, во март поддршката за опозицијата падна на 4,4%.

Не само на републичко ниво, туку и посебно во секоја изборна единица, Демократската унија за интеграција е апсолутен победник. Во овој случај, резултатите од анкетите покажуваат дека Европскиот фронт и коалицијата „ДА за Европа, НЕ за Русија“ ќе имаат двојно поголем број пратеници во Собранието на РСМ наспроти албанската опозиција. Демократската унија за интеграција оценува дека кампањата на идниот претседател, Бујар Османи и на Изборниот штаб ќе ги постават новите европски стандарди во Северна Македонија, додека напорите за обезвреднување на кое било достигнување на земјата ќе бидат победени на 24-ти април и 8-ми мај, кога граѓаните ќе се постројат со европската иднина на државата“, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Адеми: Испишана е историја, во Општина Чашка ќе имаме градоначалник од Националната алијанса за интеграција

Горан Наумовски

Адеми: НАИ победи во прв круг во две општини Липково и Пласница

Адеми: Oвие избори ги сметаме за слободни, фер и демократски

Бајрам Реџепи: Тетово треба да биде инклузивна и отворена општина

А1он