ДУИ: Во Министерството за спорт од 50 вработени, само четворица се Албанци

Од:

Последните практики за вработување во новоформираното Министерство за спорт предизвикуваат сериозни загрижености во однос на почитувањето на правичната етничка застапеност и уставните обврски во Македонија, велат од ДУИ.

„Од вкупно 50 вработени во оваа институција, само четворица се Албанци. Ниеден од раководителите на сектори не е Албанец. Во последниот бран на вработувања биле примени 15 нови лица, ниту еден од нив не е Албанец. Ова не е изолиран случај, туку јасен пример на исклучувачки модел кој ја поткопува и духот и буквата на Охридскиот рамковен договор, како и на Уставот на Република Северна Македонија. Уште позагрижувачки е фактот што овој дискриминаторен пристап се случува во институција која дури сега се формира што требаше да биде можност за вистинска еднаквост, е претворено во уште еден симбол на нееднаквост. Ќе има правна и политичка одговорност за сите што ги исклучуваат Албанците од институциите како и за оние што ги легитимираат ваквите практики, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата