ДУИ: ВМРО е фабрика за лажни вести и Гебелска пропаганда

Од:

Опозоциската ВМРО-ДПМНЕ веќе со години прерасна во фабрика на лажни вести и пропаганда налик на Гебелс каде што креираат непостоечко прашање и го повторуваат се додека не започнат и самите да му веруваат, се вели во писмената реакција од ДУИ.

„Лажни вести за Албанскиот јазик, лажни вести за мигранти, за Преспански Договор, за Бугаризација, за инфлацијата, за коридорот 8, за енергетската криза, за пандемијата, за Данела Арсовска, за наводна корупција, како и многу други теми.

ВМРО покрај лажните вести, јасни и гласно наговести, дека ги игнорира сите совети и напори на меѓународната заедница за продолжување на европскиот пат на нашата земја.

ВМРО ДПМНЕ планира да ја изолира нашата земја и да ја врати заробената држава.

ДУИ ги повикува сите политички партии да потпишеме иницијатива до Јавното Обвинителство како и до меѓународни институции за целосна истрага на сите наши функционери, власт и опозиција, во последните 20 години како и да поддржат целосен ветинг во политиката, судството и обвинителството“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он