ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ ги лаже граѓаните за законите за коридорите

Од:

„Демократската Унија за Интеграција ја поздравува и поддржува денешната транспарентна одлука на Владата за усвојување на пет закони и нивно поднесување до Собранието за понатамошно усвојување“, велат од ДУИ.

„Во законите, во ниту еден момент, во ниту една реченица, во ниту една бројка од сите пет закони, не се спомнува 60 часа работно време и затоа ВМРО ДПМНЕ ги лаже граѓаните.

Законите предвидуваат олеснување на процедурите за сите национални и стратешки проекти на земјата, е не само на изградбата на коридорите 8 и 10 – Д.

Законите овозможуваат поефтино и побрзо градење на автопатиштата со заштеда на над 150 милиони евра и две години побрзо завршување.

Блокадата на ВМРО и Левица ги чини граѓаните над 150 милиони евра само за овој проект и над две години подолга изградба.

Коридорите 8 и 10 – Д не се Скопје 2014 и Кинески автопат за да може некој да краде“, соопшти ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански