ДУИ: ВМРО блокира се европско во Собранието и им одзема на граѓаните над 500 милиони евра

Од:

„Демократската унија за интеграција смета дека коалициската блокада на опозициските ВМРО ДПМНЕ и Левица во Собранието на сите закони и постапки е суштествено антиЕвропска, антиНАТО и антиАмериканска“, велат од ДУИ.

„ВМРО ДПМНЕ и Левица активно и намерно блокираат над 500 милиони евра наменети за проекти во интерес на граѓаните од страна на европските финансиски институции.

Да повториме: Финансиските импликации од блокирањето на законот за ДДВ се 40 милиони евра, за законот за данок на добивка се 20 милиони евра, за данокот на солидарност 80 милиони евра, како и блокирањето на финансиските закони за задолжувања, 100 милиони евра од европската инвестициска банка за развојни кредити за стопанството со поволни услови и други 100 милиони од ЕБРД за ЕСМ, над 150 милиони евра за коридорите 8 и 10 – Д, додека од даночните законите зависат и уште вкупно 260 милиони евра од ЕУ и ММФ, дополнително уште стотици милиони евра за железницата на коридорот 8“, соопштува ДУИ.

„Истовремено, ВМРО работеше активно против Преспанскиот договор и членството во НАТО, не даде поддршка за референдумот како што впрочем делува и против Добрососедскиот договор или и Охридскиот Договор преку отпорот кон Законот за јазици.

ДУИ ги поддржува петте закони во Собрание и активно ќе работи на нивно усвојување за побрза и поевтина изградба на автопатиштата.

ДУИ исто така се залага за уставни измени и продолжување на европскиот пат на земјата преку национален консензус и општествено помирување. ВМРО и Левица се извор на лажни вести и пропаганда. Никаде во законот за работни односи не се споменува 60 часа работно време.

Сите досегашни тврдења на коалицијата ВМРО ДПМНЕ и Левица се потврдија како ЛАЖНИ! ДУИ нема да дозволи ВМРО и Левица да ја чинат државата и граѓаните над 150 милиони евра поскапа изградба и над две години по долга изградба.

Заложништвото на Собранието од страна на ВМРО ДПМНЕ и Левица ЗАВРШИ!“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ