ДУИ: Влен ja предаде довербата на Албанците

Од:

Лажните ветувања на Влен за европската интеграција! Денес се навршуваат точно шест месеци откако беше формирана оваа влада со големото ветување на Влен: „Ако во рок од шест месеци не се деблокира европскиот пат, ќе го преиспитаме нашето учество во владата. Шест месеци подоцна, европската интеграција останува блокирана, додека Албанците продолжуваат да бидат манипулирани со илузии и празни зборови! Нема никаков конкретен напредок, нема храбри потези – само молк и оправдувања од една коалиција која ја гради целата своја политичка егзистенција врз манипулации и лаги, изјави пратеничката на ДУИ, Рина Ајдари.

– Ветија дека нема да формираат Влада без уставни измени! Дури и заеднички Документ за ова потпишаа пред изборите. Потоа ветија и дека по изборите во ЕУ и Бугарија ќе ги реализираат уставните измени. Потоа рекоа во рок од 3-4 месеци. И на крајот рекоа пред Нова година, во рок од 6 месеци! Влен ja предаде довербата на Албанците! Ова лажно ветување за европска интеграција беше само уште една измама за да го задржат владеењето, да купат време и да ги прикријат своите катастрофални неуспеси. Албанците повеќе нема да толерираат политика која служи на лични и клански интереси, наместо на националните и европските интереси. Денес, кога нивниот рок истече, прашуваме: Ќе го исполнат ли ветувањето што самите го дадоа? Или и ова ќе биде уште едно поглавје во историјата на нивните лаги? Манипулацијата ја достигна својата граница. Албанците заслужуваат чесно и храбро претставување, а не политика која преживува на нивниот грб, потсмевајќи се со судбината и аспирациите на целиот народ. Влен, вашето време за лаги заврши! Покажете интегритет или јавно признајте дека вашата политика не е ништо друго освен илузија за манипулирање на граѓаните и задржување на власта по секоја цена – рече Ајдари.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Неопходна е ревизија на процесот на приватизацијата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Крајот на ДУИ започна со ставањето на црна листа на САД, најпрво со Рамиз Мерко, а потоа и со Артан Груби

ДУИ: Владата да го донесе Законот за рестриктивни мерки, секое одложување е чин на предавство кон граѓаните

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Левица: ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ – повлечен Законот за интонирање на химната

Предраг Петровиќ

ДУИ: Повлечете го Законот за средно образование, ако вие не го повлечете овој закон, ние ќе го сопреме