ДУИ: Владата има чист легитимитет од граѓаните, опозицијата да се врати во Парламентот

Од:

Македонската влада има чист легитимитет од мнозинство граѓани, вклучувајќи го и двојното етничко мнозиство од неодамнешните предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ги одобрија програмите на политичките партии, а кои се трансформирани во владината програма и тие очекуваат таа да биде имплементирана до крај.

Ова е еден од заклучоците донесен на денешната седница на Претседателството на Генералниот совет на ДУИ во врска со барањата од страна на македонските опозициски партии за предвремени парламентарни избори и реформирање на владата по нивна волја.

Според ДУИ, земјата е во стабилна политичка ситуација, институциите функционираат во согласност со Уставот и законите. Тие со повик до опозицијата да се врати во институциите и низ заедничка дебата да се решат предизвиците со кои се соочува земјата. Воедно, од партијата гарантираат одржување фер и демократски избори според меѓународните стандарди.

– ДУИ во својата 10-годишна активност покажа дека секогаш кога таа организира избори во секое ниво тие се мирни, фер и демократски. И овој пат ДУИ превзема највисока морална и политичка одговорност да гарантира одржување на избори, во кои ќе се применат највисоките стандарди препорачани од страна на ОБСЕ/ОДИХР, се наведува во соопштението.

Партијата, се додава, останува посветена на стратешките цели на државата за спроведување на евро-атлантската интеграција и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он