ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

Од:

Владата продолжува да биде глува на предупредувањата и да ги игнорира ризиците што го загрозуваат животниот стандард на граѓаните, без да преземе мерки за нивна заштита од нови ценовни удари, велат од ДУИ.

– Сите професионални прогнози и движењата на меѓународните енергетски берзи покажуваат дека од наредниот понеделник се очекува ново и значително зголемување на цените на нафтените деривати. Ова зголемување може да предизвика нов бран на поскапување на производите и услугите, дополнително оптоварувајќи ги семејствата и бизнисите.

Демократската унија за интеграција уште еднаш ги повикува надлежните институции да ги земат предвид нашите предлози презентирани пред неколку дена, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и компаниите и да се спречи нов ценовен шок што на крај ќе го платат сите граѓани.

Доколку за спроведување на овие мерки се потребни одлуки преку Собранието, ДУИ уште еднаш изразува подготвеност за целосна поддршка, со цел оваа криза да не падне на товар на граѓаните на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Дизелот поскап за 3,5 денари – цената на бензините останува непроменета

А1он

ДДВ за горивата се намалува од 18 на 10 отсто – цената на дизелот сепак ќе се зголеми

А1он

Словенија воведе ограничување на горивото поради проблеми со снабдувањето

А1он

Владата на седница ќе донесе мерки за ублажување на ценовниот скок на горивата

А1он

Владата утре со вонредни мерки за горивата

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти