ДУИ со водство во Липково

Од:

Според податоците на Државната изборна комисија во општина Липково гласале 11.487 лица на 36 избирачки места.

На официјалната веб страна на ДИК стои дека за кандидатот од ДУИ Еркан Арифи гласале 48,97 проценти од гласачите, за кандидатот од Алијанса за Албанците Беким Афузи гласале 16,62 отсто, за Шабан Зендели од Движење БЕСА гласале 22,70 отсто, за Бардиљ Дестани од ДПА гласале 8,20 отсто, додека за Хади Османи од СДСМ гласале 1,40 отсто од гласачите.

За советничката листа на ДУИ и носителот Лејла Исени гласале 42,04 проценти, за Адриан Демири од листата од Алијанаса за Албанците гласале 17,39, за носителот на БЕСА Сељадин Имери гласале 20,73, за листата на ДПА предводена од Рагми Исуфи гласале 9,76 проценти, за ПДП и носителот Менду Јашари 5,37 проценти и за носителот на СДСМ Фидан Османи 1,70 отсто.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански