ДУИ со реакција до ВРЕДИ: Немаме никаква врска со организирање на инцидентите

Од:

„Демократската унија за интеграција најостро ги осудува лажните обвинувања и манипулациите што антиалбанската влада ги пласира на денешната прес-конференција. Обидот на оваа антиалбанска влада да ја вмеша ДУИ во настаните поврзани со Денот на албанското знаме претставува не само невидена манипулација, туку и обид да се покријат сопствените неуспеси и дискриминаторски политики. Јасно и недвосмислено изјавуваме: ДУИ нема никаква врска со организирање на инцидентите. Секоја изјава или обвинување во таа насока е целосно неосновано, клеветничко и злонамерно. Антиалбанската влада со ова јавно ги манипулира граѓаните, обидувајќи се да го изврти вниманието од вистинскиот проблем – селективниот пристап на полицијата, која уапси 17 Албанци за инциденти со државното знаме, но ниту еден од оние што го запалија албанското знаме“ реагираат од опозициската ДУИ на денешната прес-конференција на ВРЕДИ.

Од партијата порачуваат „ДУИ нема да дозволи да биде предмет на политички спинови и манипулации. Објавуваме дека ќе преземеме сите правни мерки против овие лажни обвинувања и ќе побараме одговорност од сите инволвирани во ширењето на овие дезинформации“.

„Дополнително, ги повикуваме антиалбанската влада и институциите веднаш да престанат со оваа опасна реторика и да се посветат на праведно, непристрасно и професионално справување со настаните. Наместо да креираат вештачки виновници, нека се фокусираат на истрагата за сите учесници во инцидентите, без разлика на нивната етничка припадност или политичка позадина“ велат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски

ДУИ: Законот за употреба на јазиците не се применува доследно

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ