ДУИ: Скандалозни ставовите на Влен и нивните медиуми против албанскиот јазик

Од:

Демократската унија за интеграција смета дека се скандалозни и неприфатливи ставовите на експонентите на поразените на претседателските и на парламентарните избори, послушниците на ВМРО и непочитувачите на волјата на Албанците, против албанскиот јазик. Главните слуги, главните вазали, секојдневно излегуваат со оправдувачки ставови за изјавата на претседателот на Уставниот суд против албанскиот јазик и ги повторуваат ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, велат од ДУИ.

„Овој чекор ќе биде следниот и најсериозен удар врз Охридскиот договор, етничкиот легитимитет, еднаквоста во државата и меѓуетничките односи. Дарко Костадиновски е избран за член на Уставниот суд по предлог на ВМРО ДПМНЕ, поточно на поранешниот претседател Иванов, додека претседател стана во времето на оваа власт со моноетнички легитимитет. Скандалозно е оправдувањето од ВЛЕН и до нив блиските медиуми, за осакатувањето на службениот албански јазик и говори дека тие се продадени, но и дека го продаваат албанскиот народ за своите позиции. Претпоставката за одлуката на Уставниот суд од страна на претседателот на судот е политички притисок врз судиите и се прави по налог на власта со моноетнички легитимитет за понижување на Албанците“, тврдат од партијатa.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански