ДУИ: Се заменуваат членови Албанци во разни комисии со македонски претставници

Од:

Демократијата и етничката еднаквост се темелни принципи врз кои е изграден нашата држава. Со голема загриженост, ние во Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) го осудуваме последното решение на Министерот за образование за заменување на албанските претставници во разни комисии со македонски претставници. Овој потег е јасен знак на етничка дискриминација и исклучување на Албанците од клучните позиции на одлучување, велат од ДУИ.

Според ДУИ ова се некои од последните замени кои ја одразуваат оваа дискриминаторска пракса:

Џемиле Идризи е заменета со Кети Костовска
Џулијана Заири е заменета со Георги Панделиев
Сокол Ахмети е заменет со Верица Пауновска
Лаура Цана е заменета со Славица Мирчевска
Лиридона Буши е заменета со Даниела Граорска
Садете Рамадани е заменета со Билјана Трајковска
Нуран Кадриу е заменет со Анастасија Трајковска
Абаз Фетиши е заменет со Рајне Велиновска

„Целосното исклучување на албанските претставници од овие комисии не само што претставува јасен чин на етничка дискриминација, туку е и неуспех на нелегитимните албански претставници во владата да ги заштитат правата и интересите на Албанците во земјата. Ова е силен удар врз еднаквоста и праведното претставување на нашата заедница во државните институции.

ДУИ ќе преземе сите политички и правни мерки за да го оспори ова неправедно решение и да обезбеди враќање на праведното и пропорционалното претставување на Албанците, како што е предвидено со Уставот и Охридскиот договор. Повикуваме на разум да престане веднаш оваа дискриминаторска пракса“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ