ВИДЕО: ДУИ се премисли или се договори?

Од:

По три дена бојкот, ДУИ соопшти дека ќе гласаат за другите закони од дневниот ред.

„ДУИ целиот свој потенцијал го стави за блокирање на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили. Ќе ги искористиме сите институционални начини да се спречи носењето на овој исклучително лош закон кој ја спречува евроинтеграцијата на Република Македонија.ДУИ докажа што е во состојба да направи. Нема играње со нашите определби. ДУИ е локомотива на евроатланските процеси. Ние ќе гласаме за преостанатите закони“, соопшти координаторот на ДУИ, Талат Џафери.

Изет Зеќири од НДП, рече дека се работи за Законот за следење на комуникации, кој не е јасен и прецизен, не се знае според кои правила ќе се прислушува. Ова е опасна и штетна игра.

Игор Ивановски побара дополнително објаснување од Талат Џафери.

Јавноста беше сведок дека класичен циркус е оваа седница. Кворумот и вчера и завчера го правеше опозицијата а не владината ДУИ. ДУИ гласаше против, вчера .СДСМ ви го правеше кворумот, а ВМРО го паѓаше кворумот. Хаос направивте , а стабилни се само вашите фотељи. Го прашуваме Талат џафери, дали ќе ги подржат преостанатите 19 закони од Владата вклучително и овој дво третински закон.

„Имаме редовни координации и тука е место на поставување прашања. Апелирам до сите да доаѓаат на координации“, рече претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

СДСМ побара пауза.

Би можело да ве интересира

Почнува комисиската амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

Немаме пари за истраги и вештачења, состојбата е алармантна, вели државниот обвинител Коцевски

Почна амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

Русопулос: Европската единственост не е подарок од географијата, туку избор на волја

Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, реагира Клубот на пратенички

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието