ДУИ: Се надеваме дека соработката со СДСМ ќе продолжи и по изборите на 15 јули

Од:

Демократската Унија за Интеграција изрази жалење за коментарите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој упати остри критики за дел од кадарот на ДУИ. Од партијата на Али Ахмети, сепак, посочуваат дека не се каат за соработката со Социјалдемократите и се надеваат дека ќе ја продолжат и по изборите в среда.

„Демократската Унија за Интеграција не се кае за коалицијата со СДСМ во 2016 година, на локалните избори 2017 година, за референдумот во 2018 година и на Претседателските Избори 2019 година. Напротив, сметаме дека нашата соработка и го промени името на земјата, го промени Уставот, го заокружи договорот со Грција и Бујарија како и нормативниот дел од Охридскиот мировен Договор заедно со реформите во безбедносниот систем, администрацијата и судството, затоа и не се каеме што ја започнавме коалицијата во 2016 година со поразената партија во многу специфични околности.

Нашата соработка за време на локалните избори донесе убедлива победа за СДСМ во Скопје, Куманово, Велес, Битола, Охрид и во многу други општини и ние не се каеме што му помогневме на Социјал Демократкиот Сојуз.

Исто така не се каеме затоа што имавме заедничка кампања за Референдумот за промена на името, а ниту за тоа што не дозволивме одржување на предвремени парламентарни избори по референдумот, но инсистиравме на пронаоѓање на минимум 8 пратеници за промена на Уставот, и тоа го направивме.

Исто така, последните Претседателски избори беа победа за нашиот концепт за консензуалност затоа што се покажа дека партиски кандидат за Претседател не победува, но кога е консензуален тој или таа победува.

Демократската Унија за Интеграција посакува успех за Социјал Демократскиот Сојуз на овие избори и се надеваме дека нашата успешна соработка ќе ја пролжиме и после изборите на 15 јули“, велат од ДУИ преку соопштение.

Би можело да ве интересира

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата