ДУИ: Само Бектеши останува во притвор, другите инволвирани се на слобода

Од:

Продолжувањето на притворот за поранешниот министер Крешник Бектеши, додека другите инволвирани во истиот случај – вклучително и градоначалниците на Кочани – се наоѓаат на слобода, претставува јасен пример за селективна правда. Ова не е само двоен правен стандард – туку отворена политичка, етничка и партиска дискриминација, што претставува навреда за секој граѓанин на Република Северна Македонија, велат од ДУИ.

„Дополнително, иако сведоците и родителите на жртвите јасно ги имаат посочено вистинските виновници, само поранешниот министер Бектеши сè уште се држи изолиран – за да се заштитат вистинските виновници.

Транзакциското обвинителство и актуелната власт продолжуваат брутално да ги кршат сите правни, морални и човечки принципи.

Премиерот, откако го заплаши обвинителот дека ќе изведе луѓе на улица против него, сега целосно го има потчинето и се однесува истовремено и како обвинител и како судија.

Ако улицата е решението, тогаш време е сите граѓани да им се придружат на семејствата на жртвите од Кочани и да побараат правда – на мирен, но решителен начин, на улица, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа