ДУИ сака предвремени парламентарни избори

Од:

Порталот Журнал пренесе информација добиена од извори од ДУИ, според која партијата посакува избори следнава 2013 година.

На овој чекор од ДУИ се спремни доколку не се постигне прелиминарен договор со коалицискиот партнер за некои разлики во политиките, можно е во март да се случат и парламентарни и локални избори, а албанскиот коалициски партнер во власта ДУИ, ќе го прифати ваквиот предлог.

Според овие извори, ДУИ како политичка сила е подготвена да се соочи на двата фронта, барајќи поддршка од граѓаните за советници и градоначалници, но исто така и за пратеници во Собранието на Република Македонија. Засега постои политички ќор-сокак меѓу двата коалициски партнери, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, особено за усвојување на Законот за посебните брава на бранителите – се вели во информацијата на порталот.

Локалните избори се закажани за март следната година, кои се редовни, а ако политичките партии се договорат, тогаш многу извесно е истовремено да се одржат и предвремени парламентарни избори, известува порталот.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он