ДУИ: Руфи Османи се саботира сам себе

Од:

Демократската Унија на Албанците ги демантира обвинувањата на актуелниот градоначалник на Гостивар, Руфи Османи, дека вандали и политички опоненти го оштетувале асфалатот на гостиварската улица ЈНА, 101 и улицата пред општината со цел да го прикажат како неуспешен граѓанин. Според ДУИ за оштетувањето на сообраќајницата е виновен само градоначалникот со своето неуспешно раководење.

„Неквалитетната работа, ангажирањето на несоодветни компании за асфалтирање и одржување на патиштата во зимскиот период се клучните фатори за оштетувањата на патиштата и улиците во Гостивар, а не “вандалистите„ заради политички мотиви. За вашиот неуспех не се виновни ниту граѓаните ниту политичките опоненти, туку само вие и команиите што сте ги ангажирате, а кои немаат доволен капацитет за изведување на квалитетна работа. За вашата неквалитетна работа, наместо да барате одговорност од тие на кои сте им ја довериле работата, вие ги обвинувате политичките опоненти и над се граѓаните“, велат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата