ДУИ: Резултатите од 13 април ја зајакнаа позицијата на Албанците

Од:

Демократската унија за интеграција денеска оцени дека плебисцитарното „не“ на Албанците на 13 април е надпартиски став, со кој тие покажале голема свест за времето во кое се наоѓа земјата и предизвиците со кои се очекува да се соочи.
Портпаролот на партијата Бујар Османи рече дека само неколку дена по првиот изборен круг се горди оти ова плебисцитарно изјаснување ги сензибилизирало сограѓаните Македонци.

Коментирајќи ги обраќањата на лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ по првпат до албанскиот народ, сакајќи да ги афирмираат достигнувањата и да ги презентираат своите ветувања за иднината, Османи рече дека „тоа покажува оти кај македонскиот политички камп се зголемува свеста дека математиката на бројките и мултиетничката политика не одат заедно“.

– За Демократската унија за интеграција неприфатливи се тенденциите за воспоставување супремација во одлучување на една заедница во однос на другите заедници. За ДУИ, право да ги презентира и брани интересите на еден народ има само субјектот кој го добил легитимитет од тој народ, а не оној кој има мнозинство гласови од друга заедница, рече Османи.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата