ДУИ: Протестите открија кој е за, а кој против ЕУ

Од:

Демократската унија за интеграција цени дека насилните протести деновиве се објективен одраз на тенденциите за дезориентација на земјата од европскиот пат, јасно демаскирање на регресивните сили кои не штедат средства да ја спречат земјата во остварувањето на сонот за европска интеграција.

„Во решавачките моменти за доброто на земјата и граѓаните, ДУИ заедно со коалициските партнери е силно позиционирана на страната за стабилност и напредок на земјата, без друга алтернатива, онаa за партнерство со Европската Унија и Соединетите Американски Држави.

Секое изразување на насилство не може да ги исплаши граѓаните со кои заедно во овие две децении ги изградивме темелите на здравото општество преку, Охридскиот договор за еднаквост и меѓусебно почитување, Договорот од Преспа кој ни ги отвори вратите на НАТО и решавањето на спорот за автокефалноста на Православната црква“, велат од ДУИ.

„Денес, сме соочени со предизвикот дали сме за Европската унија или против неа, а протестите тоа веќе го разјаснија.

Група регресивни партии кои беа против каков било напредок продолжуваат да останат лојални на политики кои во суштина се антиевропски, анти-НАТО, против соживотот и го користат секој механизам, оној на насилство и пропаганда, создавајќи конфузија и лажни впечатоци за францускиот предлог кој овозможува деблокирање на нашиот европски пат.

По сите тие напори и тој скептицизам демантиран со големи достигнувања, Демократската унија за интеграција апелира до сите граѓани да се позиционираат во прогресивниот и проевропскиот табор, бидејќи предлогот поддржан од 27-те земји членки на ЕУ не го нарушува националното достоинство и нивниот јазичен, културен и историски идентитет.

Време е да застанеме заедно за триумфот на праведната кауза на интеграцијата на земјата во ЕУ!“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата