ДУИ: Промената на балансерот е удар за сите етнички заедници во државата

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро ја осудува одлуката на владата со моноетнички легитимитет да ја смени формулата „балансер“ од 29,5% како што произлегува од процентот на вкупното население, на 24,3%, што значи илјадници Албанци помалку во институциите на државава. Оваа промена е сериозен удар за досегашните постигнувања за правична и рамноправна застапеност на етничките заедници во државата, велат од ДУИ.

„Промената на формулата да го одразува само резидентното население, а не општото население е јасен обид да се маргинализира албанската заедница, но и да се поткопа придонесот на нерезидентното население кое континуирано придонесува за финансиската стабилност на земјата преку дознаки.

Ова е втора одлука во насока на поништување на резултатите од пописот на населението, прво на ВМРО, а сега на Знам, и ја разобличува неспособноста на вазалите без изборен легитимитет кои го осиромашуваат албанскиот народ во моноетничката власт.

Ние, во ДУИ, ова го гледаме како опасен обид за намалување на влијанието и учеството на Албанците во јавниот и институционалниот живот на државата.

Оваа одлука е во целосна спротивност со духот на Охридскиот договор и со вредностите на демократијата и еднаквоста кои се основни за мирот и стабилноста во земјата. ДУИ ќе ги преземе сите неопходни чекори за да се спротивстави на оваа неправедна одлука и да ги заштити правата на Албанците во Северна Македонија. Ја повикуваме владата да ја преиспита оваа дискриминаторска одлука и да гарантира правична и еднаква застапеност за сите граѓани на државата, велат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански