ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата на легитимитетот и предуслов за економска благосостојба

Од:

Опозициската ДУИ оценува дека вистинското лидерство ја покажува својата сила во моментите на отчетност. Според нив, „Повикот за предвремени избори, заедно со локалните избори во октомври, не е само политичко барање, туку демократска можност сите страни да ја потврдат довербата од граѓаните, особено во време на криза на легитимитетот“.

„ДУИ оценува дека вистинското лидерство ја покажува својата сила во моментите на отчетност. Повикот за предвремени избори, заедно со локалните избори во октомври, не е само политичко барање, туку демократска можност сите страни да ја потврдат довербата од граѓаните, особено во време на криза на легитимитет. Ние сме подготвени да се соочиме со гласачите и да се вклучиме во транспарентен процес кој ја рефлектира волјата на секој граѓанин. Во вакви времиња, граѓаните заслужуваат лидери кои не ги избегнуваат предизвиците на демократијата, туку ги прифаќаат со отворено срце. Ние сме тука, подготвени и уверени во мандатот што ни го довери народот. Дополнително, предвремените избори заедно со локалните нудат две значајни предности за државата и граѓаните“ се вели во денешното соопштение од партијата.

Според нив, „доколку парламентарните избори се одржат истовремено со локалните во октомври, тогаш во 2029 година за првпат ќе имаме можност на ист ден да се одржат три изборни процеси (претседателски, парламентарни и локални). Со одржување на изборите сега, државата ќе има целосен четиригодишен период на стабилност до 2029 година, без одвлекување на вниманието од изборни кампањи или процеси“.

Од партијата посочуваат „Прашањето останува: дали сите политички сили се подготвени како ДУИ да излезат на тест пред пред граѓаните? Народот гледа и очекува од оние кои се подготвени да излезат со целосна транспарентност. ДУИ е подготвена. Сега е време и другите да ја покажат својата подготвеност“.

Би можело да ве интересира

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски

ДУИ: Законот за употреба на јазиците не се применува доследно

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ