ДУИ предложи дел од кандидатите за градоначалници

Од:

Централното претседателство на ДУИ, на денешната седница ја усвои листата на кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.

Партиската прес-служба соопшти дека за кандидат за градоначалник на општина Тетово е предложена Теута Арифи, за Кичево предложен е Фатмир Дехари, за Гостивар – Невзат Бејта, за Чаир – Изет Меџити за Струга се предлага Арбен Лабеништи, за Дебар – Ружди Љата, за Сарај – Беким Мурати, за Желино – Фатмир Изаири, за Студеничани – Фати Исени, а за Боговине – Хазби Идризи. Кандидат за градоначалник на општина Брвеница се предлага Енвер Пајазити, за Врапчиште – Бајрам Кадриа, за Пласница – Исмаил Јахоски, за Теарце предложен е Исен Асани, за Липково Садула Дураку, а за Арачиново Брахим Ајвази.

Листата ќе биде поднесена до Централниот одбор на партијата за усвојување. За останатите општини, Центарот за комуникации на ДУИ информира дека претседателството ќе одлучи до среда, кога треба да се одржи и седницата на Централниот одбор.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански