Демократската унија за интеграција остро реагира на предложениот нацрт-закон за правична застапеност, кој има за цел да го замени Балансерот – правен и обврзувачки инструмент за одразување на демографската реалност во јавните институции – со нејасна, неефикасна и политички стерилна структура како што е „координативно тело“. Ова е обид уставната обврска да се претвори во административна фарса и да се демонтира една од најважните столбови на Охридскиот рамковен договор: правичната и еднаква застапеност на етничките заедници, велат од ДУИ.
„За Албанците, овој закон е штетен. И нема да запреме сѐ додека Балансерот не се врати како единствен правно обврзувачки механизам за гарантирање еднаквост во администрацијата.
Замената на прецизниот и транспарентен калкулатор со „годишни извештаи“ и „координативни тела“ кои немаат никаква надлежност да ги обврзат институциите да го почитуваат принципот на застапеност, е самото по себе политички чин што создава неправда и институционална етничка доминација.
Сервилноста создава сервилни политики, и ДУИ нема да прифати Албанците, но и другите етнички заедници, да бидат третирани како декор во државата што секојдневно ја градат.
Како може Каракамишева да биде креатор на овој нацрт-закон – јавна фигура добро позната по нејзините ставови против мултиетничноста, Охридскиот рамковен договор и самиот принцип на еднаквост?
ДУИ ќе ги искористи сите институционални и демократски механизми за да ја блокира оваа намера да се замени еднаквоста со празна симболика. Ги повикуваме сите пратеници од редовите на етничките заедници да не станат соучесници во легализацијата на дискриминацијата. Ова е моментот кога треба да се заштитат уставот, мировниот договор и самиот меѓуетнички соживот во државата, велат од партијта.