ДУИ: Поддршката на граѓаните кон нас се потврдува секојдневно

Од:

„Поддршката на граѓаните кон Демократската Унија за Интеграција се потврдува секој ден и повеќе, вклучувајќи ги и анкетите на релевантни локални и меѓународни институции, како што се Меѓународниот републикански институт (ИРИ) како и МЦМС и Телма, кои ги имаат објавено резултатите од последната анкета.

Според овие истражувања, во албанскиот политички блок, граѓаните ДУИ ја оценуваат како првата партија и без конкуренција на сите нивоа.

Ја изразуваме нашата благодарност до сите граѓани за нивната доверба дадена низ годините, која за нас претставува потврда за сработеното и поттик за да продолжиме понатаму, со уште поголем интензитет, со нашите политички и програмски поставувања.

Довербата на граѓаните нè обврзува да работиме уште повеќе.

Довербата и поддршката за Демократската Унија за Интеграција е најдобриот индикатор, кого албанците го сметаат како автентичен претставник на нивните интереси.

Во оваа насока, ние имаме изјавено и повторуваме дека со нас никогаш нема да бидете разочарани. Напротив, заедно со вас секогаш ќе излеземе победници!

Ние сме посветени за единство, за соработка и за победа на граѓаните!“, се вели во соопштението на ДУИ.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата