ДУИ: Партиите да прават рационални, а не емотивни проценки

Од:

ДУИ денеска соопшти дека останува посветена на едно кохезивно општество, еднакво и интегрирано во евроатлантската заедница и ги повикува, како што стои, страните да делуваат со историска одговорност кон процесите со кои се соочува земјата и регионот при што треба да прават рационални, а не емотивно поттикнати проценки.

– Употребата на албанскиот јазик во согласност со Охридскиот договор и Уставот, еднакво со македонскиот јазик, го прави општеството посилно, пообединето и постабилно заокружувајќи ги на тој начин нормативните обврски од Охридскиот мировен договор. Владеењето на правото во земјата е обврска на сите политички партии и претставува предуслов за продолжување на евроатлантскиот пат, стои во соопштението.

Реформите во судството, транспарентноста и ревидирањето на спорните судски процеси, според партијата, се неопходна обврска за враќање на довербата на граѓаните кон системот.

– Од почетокот на политичката криза во земјата, ДУИ инсистираше на транспарентно затворање на процесот преку целосно обелоденување на скандалот со масовното и незаконско прислушување и преземање одговорност, стои во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он