ДУИ: Парламентарното мнозинство усвои дискриминаторски амандман во рамки на Предлог-законот за основно образование

Од:

Демократската Унија за Интеграција остро ја осудува одлуката на парламентарното мнозинство, кое во Законодавно-правната комисија усвои дискриминаторски амандман во рамки на Предлог-законот за основно образование.

„Овој амандман, предложен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и поддржан од пратеничката на ВЛЕН, предвидува како услов за именување на директорите на основните училишта положување испит за познавање само на македонскиот јазик.

Овој предлог е отворен напад врз директорите на училиштата кои успешно ја вршат својата работа и обид за создавање непотребни бариери и етнички поделби.

Наместо да се фокусира на подобрување на квалитетот на образованието, парламентарното мнозинство воведува вештачки пречки кои не служат на интересите на учениците и наставниците.

Овој чин е јасен доказ за агендата за поларизација на општеството и за маргинализација на заедниците кои не го говорат македонскиот како мајчин јазик.

Го сметаме ова за неприфатлив чекор кој го нарушува духот на еднаквост и соживот во земјата. Демократската унија за интеграција бара овој амандман веднаш да биде повлечен и апелира до граѓаните, наставниците и институциите да се спротивстават на оваа флагрантна дискриминација, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он