ДУИ останува на ставот – случајот „Дива населба“ да го истражат меѓународни експерти

Од:

По денешните пресуди за случајот „Дива населба“ Демократската унија за интеграција го повтори ставот дека е потребно вклучување на меѓународни експерти во сеопфатната истрага за, како што велат од партијата „обелоденување на сите нејаснотии за случајот Куманово“.

– Судскиот процес и доказите на протагонистите изнесоа на површина дилеми околу организаторите и мотивите на овој тежок случај, затоа граѓаните треба да ја дознаат целата вистина. Дел од доказите и материјалите со кои граѓаните имаа можност да бидат запознаени преку медиумите алудираат на наводна вмешаност и на официјални претставници на највисоките државни институции во комуникација со протагонистите на настанот, се вели во соопштението од ДУИ.

Од партијата бараат МВР и органите на владеењето на правото да вклучат меѓународни експерти во истрагата за случајот и да воспостават комуникација и соработка и со властите на Косово и Албанија со цел размена на информации за, како што посочуваат, целосно расветлување на случајот.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата