ДУИ: Останете ладнокрвни, не подлегнувајте на провокации!

Од:

ДУИ со голема загриженост ги следи денешните случувања во Куманово. Партијата апелира граѓаните да ја зачуваат ладнокрвноста и да не подлегнуваат на провокации.

Денешните настани во Куманово, но и тие претходните во Гошинце и експлозијата пред седиштето на ДУИ , според ДУИ се дејствија кои се во целосна спротиставеност со стратешките определби на албанскиот народ како во Македонија, на Косово, во Албанија и во Прешевската долина.

„Албанците во Македонија имаат однапред определена агенда и се во содејство со САД, ЕУ и НАТО и сакаат да ја видат земјава со целосно еднакви граѓани, со добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, во мир и стабилност. зачленета во НАТО и интегрирана во Европската Унија. Медиумите и опозицијата да демонстрираат голема одговорност во ова многу деликатно време и да се воздржат од понатамошно поттикнување на тешката ситуација“, соопшти ДУИ.

Од партијата бараат граѓаните на Куманово, особено од населбата каде тоа се случи, да останат мирни и да не подлегаат на разни дезинформации. ДУИ го повика МВР да постапува со целосна одговорност кон чуствителноста на безбедносната и политичката ситуација.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански