ДУИ: Организиран проект од проруски и прокинески центри за да се запре процесот на интеграција на Балканот

Од:

Последните случувања поврзани со антиевропската агенда во регионот се јасен показател дека е во движење еден организиран проект поддржан од моќни проруски и прокинески центри, со цел да се сруши демократскиот поредок на Балканот и да се запре процесот на европска интеграција, велат од ДУИ.

– Станува збор за добро организиран и политички, медиумски и финансиски поддржан проект од антизападни сили кои сакаат да го изолираат регионот и да го претворат во зона под влијание на источни автократии.
Во ова опасно сценарио, Владата на Северна Македонија и на Република Српска на чело со Додиќ се на првата линија на фронот за саботирање на ЕУ агендата на регионот.

За жал, активни учесници станаа и одредени албански фракции во актуелната власт, вазали избрани и контролирани од Мицкоски преку обвинителството, со цел да се сокријат криминалните афери кои тежат врз нив.

Тие „албански партнери“, неспособни и корумпирани, не можат да бидат легитимна заштита на еден таков опасен антиалбански и антиевропски проект. ДУИ јасно порачува: Албанците никогаш нема да дозволат државата да стане сојузник на Додик, како инструмент за саботажа на Брисел во регионот.Нема да прифатиме да бидеме заложници на една агенда која ќе ја демонтира еднаквоста, демократијата и европската перспектива на нашата држава, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ